Светските цени на нафтата во иднина можат да паднат под тековното ниво, но само за краток временски период. Во иднина цените ќе се вратат на нивото од 90-100 долари за барел, смета првиот човек на „Гаспром нафта“ Александар Дјуков, пренесува РИА „Новости“.
„Треба да се земе предвид играта за намалување на цените која се случуваше во последно време додека се очекуваше покачување на стапките на Федералниот систем за резерви на САД. Цената се стабилизираше. Што може да се случи понатаму? Теоретски, ако играта за намалување продолжи, цената може да се спушти и пониско, но апсолутно очигледно е дека тоа намалување ќе биде краткорочно“, изјави Дјуков во интервју за телевизијата „Русија 24“.
„Сепак среднорочно или долгорочно цените ќе почнат да се враќаат на нивото кое е фер и правилно за потрошувачите и производителите. Зборувам за цена од 90-100 долари за барел“, истакна тој.
Дјуков додаде дека за достигнување на тоа ниво на цените можат да поминат неколку години.
„Ако зборуваме за тековното ниво на цените, се разбира, тоа не е најповолното сценарио за развој на настаните и тоа ќе има долгорочни последици не само за нафтените компании, туку у за потрошувачите“, изјави првиот човек на „Гаспром нафта“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче