ТВ-каналот „РТ“ (RT) објави видео во чест на десетгодишнината од основањето на компанијата во кое е прикажано на ироничен начин како критичарите на каналот ја гледаат работата на редакцијата, пренесува РИА „Новости“.
Во видеото е цитиран шефот на Стејт департментот на САД Џон Кери кој еднаш изјави дека РТ „троши огромни пари“. Токму тој стереотип на Западот е прикажан на самиот почеток на видеото – главниот уредник на каналот Маргарита Симоњан и уметничкиот директор, мечокот Миша, гледаат како во редакцијата се истовараат кутии со девизи.
Друг омилен „аргумент“ на критичарите на каналот е врската меѓу РТ и Кремљ - сите одлуки на каналот се носат само со „укажување“ од властите, вклучително и чистењето. За извршување на „задачата од врвот“ – „чистење“ на подот од пролиен сок од дабар – чета чистачки се зафаќа со работа по наредбата на „врховната команда“ и строго според „инструкциите од Кремљ“.
Главниот уредник со шапка на главата ги држи во страв сите вработени – и изгладнетите „експатријати“, и водителите на вестите. Посреќните вработени се вклучени во снимање на „филмови“ – репортажите од зоните на борбени дејствија во Сирија, Донбас, Јемен, направени со помош на „зелен екран“ во студиото, како што претпоставуваат многумина од западните критичари на каналот.
Видеото завршува со избор цитатите во кои западни политичари признаваат колку не го сакаат РТ, и со „неутешливиот“ за нив заклучок – „РТ полни 10 години. Ќе ги лутиме и понатаму“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче