„Блумберг“ со цена за руската операција во Сирија

Трошоците на руските Вооружени сили за воената операција во Сирија можат да изнесуваат 3 милијарди долари годишно, пишува агенцијата „Блумберг“.

Трошоците на руските Вооружени сили за воената операција во Сирија можат да изнесуваат 3 милијарди долари годишно, ги пренесува зборовите на експертите од Royal United Services Institute (RUSI) агенцијата „Блумберг“, пишува „РНС“.

Според податоците на RUSI, до зголемувањето на бројот на руските воздушни удари во средината на ноември дневните трошоци на ВКС РФ изнесувале 4 милиони долари, а сега сумата е двојна и изнесува 8 милиони долари. Сепак, извор на „Блумберг“ во владата на Русија изјави дека планираните воени трошоци во буџетот се 1,2 милијарди долари.

„Блумберг“ прогнозира дека воената операција во Сирија може да трае неколку години.

„Оваа операција ќе трае најмалку една година“, изјави Франц Клинцевич, прв заменик на претседателот на комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата на РФ, додавајќи дека „очекувал повеќе од армијата на Сирија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња