Чавушоглу: Крим е Украина

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција се залага за „територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи го и Крим“.

„Турција смета на континуирано почитување на независноста на Украина, нејзиниот суверенитет, територијалниот интегритет, подразбирајќи го и Крим“, изјави турскиот министер Чавушоглу, пренесува „Взгљад“.  

Изјавата дојде по средбата меѓу Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на маргините на самитот на Советот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Белград.

Чавушоглу исто така изјави дека средбата со рускиот колега Лавров поминала во позитивна атмосфера.

Турските медиуми пренесоа дека Чавушоглу, исто така, изразил сочувство по повод загинувањето на рускиот пилот на Су-24.

„Ние го изразивме нашето жалење и сочувство во врска со загинувањето на рускиот пилот“, изјави Чавушоглу.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.