Путин: Турција ќе зажали за стореното

Ова го изјави претседателот на РФ Владимир Путин, коментирајќи го соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турското воздухопловство.

Турската страна сноси директна одговорност за загинувањето на руските војници во Сирија, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во неговото годинешно обраќање до Федералното собрание на РФ.

„Не знам зошто тие го сторија тоа, сите проблеми и несогласувања, дури и оние кои не ги гледавме, можеше да се решат на друг начин“, изјави рускиот лидер, коментирајќи го соборувањето на Су-24.

Шефот на руската држава потенцираше дека властите на Турција ќе зажалат за стореното.

„Меѓутоа, турскиот народ е добар, трудољубив и талентиран. Во Турција имаме дамнешни и сигурни пријатели. Ние не ставаме знак за равенство  меѓу нов и дел од сегашната владејачка врхушка која носи директна одговорност за загинувањето на нашите војници во Сирија“, истакна претседателот Путин.  

Ние знаеме кој во Турција заработува пари од опљачканата нафта, кој врбува платеници за војната во Сирија. „Нема да го заборавиме тоа соучесништво во тероризам. Секогаш сме сметале дека е најголем срам да се биде предавник. Нека го знаат тоа оние во Турција што им пукаа на нашите пилоти во грб“.

„Веројатно само Алах знае зошто тие го сторија тоа. Изгледа дека Алах реши да ја казни владејачката врхушка во Турција со тоа што ќе ѝ ги одземе разумот и паметта“.

„Но ако некој мисли дека може да изврши такво подмолно воено злосторство и потоа да биде казнет само со домати или со ограничувања во градежниот сектор – се лаже. Тие уште многу пати ќе зажалат за своите недела. Ние знаеме што треба да правиме“, порача Владимир Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња