Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со шефот на МНР Турција Мевлет Чавушоглу изјави дека со соборувањето на авионот Су-24 во Сирија, турското раководство, во суштина, застанало на страната на „Исламската држава“, се вели во соопштението на МНР РФ.
„Беше потенцирано дека со соборувањето на рускиот авион кој извршувал задачи во рамките на антитерористичката операција на руските ВКС во Сирија и кој не ги нарушил границите на воздушниот простор на Турција, турското раководство, во суштина, застанало на страната на ИД“, се истакнува во соопштението на министерството.
Во него исто така се укажува дека рускиот министер „изразил незадоволство од непријателските дејствија на Турција“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче