Путин нема да се сретне со Ердоган во Париз

Притоа претседателот на РФ има намера да се сретне со Барак Обама.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин нема намера да се сретне на маргините на климатскиот форум во Париз со шефот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Меѓутоа има шанси рускиот претседател да разговара со својот американски колега Барак Обама, пренесува „Мк.ру“.

„Не се планира средба со Ердоган, за таква средба не станува збор. Таква средба нема да има“, изјави Песков, додавајќи дека „засега во распоредот (на Путин) не се заведени никакви контакти“ со лидерот на Турција.

Претходно Ердоган неколкупати изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател во Париз.

Сепак, Путин повеќе сака да разговара со Обама: „Со Обама не е исклучена (средба), најверојатно, со Обама ќе разговараат на маргините на конференцијата“.

Во моментов Путин и Обама можат да разговараат за широката коалиција во Сирија за борба со „Исламската држава“ на која повикуваше претседателот на Франција Франсоа Оланд

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.