Ердоган огорчен поради инцидентот сo рускиот Су-24

Колку што Русија е важна за Турција, толку е и Турција важна за Русија, изјави турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е огорчен во врска со инцидентот со рускиот Су-24 и се надева дека такво нешто нема повеќе да се повтори.

„Овој инцидент многу нѐ погоди. Искрено се надевам дека такво нешто нема повеќе да се повтори. Ова прашање ќе го разгледаме и ќе најдеме некое решение. Во понеделник во Париз ќе се одржи меѓународниот климатски самит, а тоа може да биде шанса за повторно воспоставување на нашите односи со Русија. Конфронтација никому не носи радост. Колку што Русија е важна за Турција, толку е и Турција важна за Русија. Ние не можеме едни со други да се отстраниме од хоризонтот“, изјави Ердоган на митинг во градот Баликесир во саботата, пренесува „Взгљад”.

Односите меѓу двете земји се во криза откако во вторникот, 24 ноември, турски авиони-ловци F-16 соборија руски Су-24 во Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња