Ердоган: Турција никогаш никому не му забила нож во грб

Изјавите на руското раководство за планиран напад на Турција врз рускиот авион Су-24 се неприфатливи, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Еродган.

„Турција никогаш никому не му забила нож во грб. Таа секогаш се среќавала лице в лице“, ја пренесува „Взгљад“ изјавата на турскиот претседател Ердоган 

Ситуацијата што настана по нарушувањето на нашата граница ќе се развива во својот правец, ќе бидат истражени сите детали. Но мене не ми се допаѓаат кампањата со клевети што почна на оваа тема против Турција и појавата на опасност за нашите односи. Сакам да дискутирам за тоа со Владимир Путин“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека на евентуалната средба на климатската конференција во Париз „би сакал да ја изрази загриженоста од неоснованата ескалација по ова прашање“.

Кремљ засега останува без реакција на барањето на турскиот претседател за средба со рускиот лидер, изјави помошникот за надворешна политика на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Можам да кажам дека од Ердоган претходните два дена пристигаа барања за телефонски разговор и можам да кажам дека нашиот претседател беше известен за тие барања“.

„Ние ја гледаме неподготвеноста на турската страна да даде елементарно извинување“, изјави Ушаков на прашањето за одбивањето на Путин да одговори на тие барања.

„Вчеравечер исто така дојде барање од претседателот на Турција во врска со евентуална средба. Засега реакција нема. Официјалното барање пристигна преку каналите на МНР. И за ова барање е известен претседателот“, додаде Ушаков.

Претходно во петокот портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков соопшти дека на претседателот на Русија Владимир Путин му е познато барањето на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за средба на маргините на конференцијата за климата во Париз на 30 ноември.

                                       

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња