Кина купува 24 ловци Су-35 од Русија

Цената на еден авион се проценува на 83-85 милиони долари, додека вкупниот износ на договорот достигнува 2 милијарди долари.

Фабриката за производство на авиони „Гагарин“ во Комсомолски-на-Амур, дел од најголемиот холдинг во Русија за производство на авиони „Компанија "Сухој“, ќе произведе за Военото воздухопловство на Кина 24 авиони-ловци Су-35, изјави за ТАСС висок функционер во владата на Хабаровскиот крај.

„Во Комсомолск-на-Амур во неделата се одржаа преговори зад затворени врати меѓу претставници на Кина и РФ. Преговорите траеја веќе неколку години, кинеската војска се интересираше за ловците Су-35 и можноста за нивно вклучување во вооружувањето на Кина. Склучен е договор за 24 ловци Су-35“, изјави изворот, истакнувајќи дека тоа е прв странски купувач на авиони од генерацијата 4++.

Цената на еден Су-35 се проценува на 83-85 милиони долари, додека вкупниот износ на договорот достигнува 2 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.