Светската премиера на воениот авион Су-35

Ултраманеварскиот реактивен истребувач Су-35 од поколението 4++. Извор: sukhoi.org.

Ултраманеварскиот реактивен истребувач Су-35 од поколението 4++. Извор: sukhoi.org.

На 5 април во Москва беше одржана прес-конференција посветена на 50 Меѓународен париски автосалон Бурже, кој годинава ќе се одржи од 17 до 23 јуни. Деталите за руската програма на Салонот е објавена во „Руска реч на македонски“.

На 50 салон Бурже ќе бидат претставени 27 национални павилјони и, најмалку, 110 летачки апарати. Учеството на уште 30 авиони засега не е потврдено, изјавија за новинарите организаторите на Салонот.

Во Париз ќе бидат претставени два руски борбени авиони: Як-130, производство на корпорацијата „Иркут“, и Су-35 на компанијата „Сухој“.

Како што соопшти официјалниот претставник на Обединетата авиопроизводствена корпорација (ОАК) Борис Крилов, „ОАК во Париз ќе се претстави со два борбени авиони: Як-130, производство на корпорацијата „Иркут“, и Су-35 на компанијата „Сухој“. Су-35 досега никогаш не бил изложуван во странство. Ова ќе биде премиера надвор од границите на Русија.“. Според Крилов, овие авиони ќе учествуваат во летната програма на изложбата. 

Ултраманеварскиот реактивен истребувач Су-35 од поколението 4++ беше дизајниран од страна на експериментално-конструкторското биро Сухој. Според договорот од 2009 година Министерството за одбрана на Русија нарачало од компанијата „Сухој“ 48 истребувачи Су-35С (називот на авионот во серијата), кои треба да станат дел од вооружувањето до 2015 година. Потоа се планира количеството авиони двојно да се зголеми. Сега на располагање на воената команда ѝ се, најмалку, 11 вакви авиони во вредност од 85 милиони долари, вклучувајќи три експериментални. „Сухој“ ќе испорача уште 12 машини во текот на 2013 година.

Далечината на летот на Су-35 изнесува 3.4 илјади километри, а борбениот радиус е 1.600 километри. Истребувачот е снабден со 30-милиметарски топ и 12 точки за ракети и бомби со вкупна тежина од осум тони. 

Прв странски купувач на овие руски авиони, најверојатно, ќе стане Кина. Како што претходно беше соопштено во руските медиуми, двете страни ја разгледуваат испораката на 24 руски истребувачи за КНР. 

За време на тестирањата кои беа извршени кон крајот на 2012 година, истребувачот Су-35 можел да развие брзина од 2.5 илјади километри на час и да се издигне на височина од 19 километри. Далечината на летот изнесува 3.4 илјади километри, а борбениот радиус е 1.600 километри. Истребувачот е снабден со 30-милиметарски топ и 12 точки за ракети и бомби со вкупна тежина од осум тони. Авионот може да ги пронаоѓа воздушните цели на оддалеченост од повеќе од 400 километри. 

Според официјалните информации на компанијата „Сухој“, посебни карактеристики на авионот се новиот комплекс на авионика на база на дигитален информациско-управувачки систем, интегрирачки систем на опрема на авионот, нова радиолокациска станица (РЛС) со фазирана антенска решетка со голема широк опсег за наоѓање воздушни цели, а исто така и нови мотори со зголемен удар и ротациски векторен удар. 

Како што соопшти генералниот директор на Авиосалонот Емерик Дарсимол, посетителите на изложбата повторно ќе можат да го видат примерот на руско-француската соработка – цивилниот руски авион „Сухој Суперџет 100“, кој претходно беше демонстриран во Бурже. 

Извршниот директор на Авиосалонот Жил Фурние на новинарите им изјави дека „во летната програма исто така учество ќе земат и борбените хеликоптери Ка-52 („Алигатор“), а на статичниот изложбен дел во Бурже ќе биде изложен и хеликоптерот Ка-100 и макета на патничкиот авион МС-21“. 

Во космичката програма се очекува демонстрација на еден од приборите од ултрасигурните системи за управување на идниот носач за пилотираниот комплекс на база на ракетата „Ангара“ од научно-производствениот центар за автоматика и изработка на прибор „Н.А. Пиљугин“. 

Во Бурже исто така се планирани и демонстративни летови на руските воени авијатичари – авиогрупите од вишата пилотажа „Руски витези“ и „Стрижи“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња