Руската влада донесе одлука од 1 јануари да воведе ембарго на увоз на прехранбени производи од Украина, соопшти министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев за ТВ-каналот „Русија 24”, а пренесува „Взгљад”.
„Со оглед дека Украина им се приклучи на санкциите против Руската Федерација, донесовме одлука за воведување на заштитни мерки како што е ембаргото на увоз на прехранбени производи. Дејството на оваа одлука стапува на сила на 1 јануари“, изјави рускиот министер.
По одржаните на почетокот на октомври трилатерални консултации за спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ, Уљукаев изјави дека на Русија не ѝ одговара ставот на Европската унија. Подоцна тој додаде дека Русија во врска со потпишувањето на оваа спогодба меѓу Украина и ЕУ ја разгледува можноста за воведување низа мерки против Киев, вклучително и на ембарго на увоз на прехранбени производи.
Русија смета дека воведувањето на режимот на слободна трговија меѓу Украина и Европската унија, кој стапува на сила на 1 јануари 2016 година, ќе создаде услови за неконтролиран увоз на европски производи во Русија, што би можело да влијае на домашното производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче