ЕУ бара Русија да не воведува производствено ембарго за Украина

Забраната за увоз на продукти е можна од почетокот на 2016 година поради спогодбата за зона за слободна трговија меѓу Украина и Европската унија.

ЕУ апелира до Русија да не воведува производствено ембарго против Украина поради стапувањето на сила од 1 јануари 2016 година на економскиот дел од спогодбата за асоцијација меѓу Украина и Европската унија, изјави еврокомесарот за трговија Сесилија Малмстром, пренесува „Интерфакс“.

Според нејзините зборови, ЕУ прави сѐ што може за избегнување на негативни последици, како што е производствено ембарго за Украина, по 1 јануари 2016 година, и редовно одржува средби со руската страна на кои се дискутира за стапувањето на сила на економскиот дел од асоцијацијата.

„Нашите услови во текот на таквите средби се да не биде ниедно ембарго“, рече еврокомесарот во петокот во Киев. Таа додаде дека не е убедена дека Русија нема да воведува такви санкции.

Русија повеќепати има изјавено дека инсистира на потребата да се одложи стапувањето на сила на зоната за слободна трговија Украина-ЕУ. Министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев изјавуваше дека производственото ембарго на РФ против Украина ќе стапи на сила на 1 јануари во случај Москва да не успее да се договори со своите партнери за анекс на договорот за ЗСТ Украина-ЕУ кој ќе намали ризиците за руската страна.

Русија смета дека создавањето ЗСТ Украина-ЕУ може негативно да влијае на нејзината економија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња