„Форбс”: Путин највлијателен човек на светот

Рускиот претседател третпат е прогласен за највлијателен човек на светот од страна на магазинот „Форбс”.

Трета година по ред магазинот „Форбс“ го прогласува рускиот претседател Владимир Путин за највлијателен човек на светот, пренесува „Лента.ру“.

Второто место на листата највлијателни луѓе е германската канцеларка Ангела Меркел, додека третото е за американскиот претседател Барак Обама.

На списокот следуваат папата Франциск, кинескиот претседател Си Ѓинпин, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, претседателката на Федералните резерви на САД Џенет Јелен, британскиот премиер Дејвид Камерон и премиерот на Индија Нарендра Моди и Лари Пејџ, еден од основачите на „Гугл“.

Магазинот истакнува дека и покрај санкциите против Русија поради Крим и конфликтот на истокот на Украина, падот на рубљата и рецесијата на руската економија, 89% од руските граѓани го поддржува својот претседател. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.