Владимир Путин со максимален рејтинг

Социолозите го објавија најновиот рејтинг на работењето на претседателот на РФ Владимир Путин. Се покажа дека скоро 90% испитаници ја поддржуваат политиката на претседателот.

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин достигна 89,9% и воспостави нов историски максимум. Ова се резултатите од традиционалната анкета на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).  Претходниот максимален рејтинг на рускиот лидер беше во јуни 2015 година - 89,1%.

„Толку висок степен на одобрување на работењето на Преседателот на Русија е забележан, пред сѐ, во врска со настаните во Сирија и воздушните удари на руската авијација врз позициите на терористите“, објаснуваат социолозите од ВЦИОМ во своето соопштение за јавноста. Веќе повеќе од година и половина оценката за работењето на Путин не се спушта под  80%, потсетуваат тие.

Беа анкетирани 1600 лица во 130 населени места во 46 области, краеви и републики во Русија. Статистичката грешна не надминува 3,5%.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња