Иванов со сочувство до Путин

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по повод авионската несреќа на рускиот авион Ербас А-321.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по повод авионската несреќа на рускиот авион Ербас А-321, соопшти кабинетот на Претседателот.

- Со шок и неверување ја примив веста за ужасната авионска несреќа и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Во овие тешки мигови, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот народ на Русија, вели македонскиот претседател

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.