Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров се договори со египетскиот колега Самех Шурки за соработка во антитерористичката операција и политичко решение на конфликтот во Сирија, соопшти МНР РФ по телефонскиот разговор на двајцата министри.
„Лавров и Шурки се договорија за понатамошна соработка со цел зајакнување на заедничките напори кои треба да ги поддржат антитерористичките активности во регионот и политичкото решение на конфликтот во Сирија“, се наведува во соопштението на сајтот на руското министерство, пренесува РИА „Новости”.
Освен тоа, Лавров „го информираше египетскиот колега за вчерашниот состанок со државниот секретар на САД и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Турција кој беше посветен на ситуацијата во Сирија“.
Министерот Лавров истакна дека надворешниот мониторинг на сирискиот политички процес треба да биде репрезентативен и дека во него треба да бидат вклучени Египет и Иран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче