Лавров: Антитерористичката резолуција на ОН мора да биде имплементирана во Сирија

Руското МНР изјави Сергеј Лавров ја потенцирал потребата од имплементирање на резолуциите на ОН за борба со терористите во Сирија во текот на разговорите со неговиот американски колега Џон Кери.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја потенцираше потребата од имплементирање на резолуциите на ОН за борба против терористите во Сирија во текот на разговорите со државниот секретар на САД Џон Кери во петокот, соопшти МНР РФ на својот сајт во саботата, пренесува агенцијата „Спутник“.  

„Лавров особено ја нагласи потребата од конзистентна имплементација на важечките резолуции на ОН во врска со спротивставувањето на „Исламската држава“, „Џебхат Нусра“ и другите терористички групи, како и ... обновата на мирот и стабилноста во Сирија врз база на почитување и гарантирање на легитимните права на сите етнички и верски групи во земјата“, се вели во соопштението.  

Високиот комесар за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини ја поздрави иницијативата на Русија за одржување разговори на министерско ниво на блискоисточниот квартет (Русија, САД, Турција, Саудиска Арабија) во Виена, изјави руското МНР.

„Могерини ја поздрави иницијативата на Русија за организирање министерска средба на Блискоисточниот квартет меѓународни посредници во Виена“, се вели во соопштението.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња