Авиoкомпании од Украина бараат да летаат во Русија во зимскиот период

Во соопштението на „Росавијација“ се вели дека, без оглед на иницијативата на украинската страна за прекин на воздушниот сообраќај, две авиокомпании од Украина бараат дозвола да летаат за Русија во зимскиот период.

Авиокомпании од Украина побараа од „Росавијација“ дозвола да летаат во РФ во зимскиот период 2015-2016 година на четири линии: Киев-Москва, Одеса-Москва, Киев-Санкт Петербург и Лавов-Москва, соопшти „Росавијација“.

„Без оглед на тоа што украинската страна иницираше прекин на воздушниот сообраќај, во „Росавијација“ пристигна писмо од ДОО „Авиокомпанија „Атласџет Украина“ со барање за навигација за зимската сезона 2015-2016 година за летови на три линии: Киев-Москва, Одеса-Москва и Киев-Санкт Петербург“, се вели во соопштението.  

Истовремено со барањето дозвола за летање за зимската сезона 2015-2016 година на линиите Киев-Москва и Лавов-Москва се обратила компанијата „ЈУТер-Украина“.

Покрај ова, „Росавијација“ во петокот, 16 октомври, испратила писмо до Државната служба за цивилно воздухопловство на Украина за одржување преговори за прашања во однос на летовите за зимскиот период, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.