Вчера, 11 октомври, во Москва беше уапсена група од десетина лица за кои постои сомневање дека учествувала во подготовка на терористички напад, соопшти информативниот центар на Националниот антитерористички комитет на РФ (НАК), пренесува „Взгљад“.
Според информациите на НАК, во станот во кој се криеле терористите е пронајдена и деактивирана експлозивна направа од рачна изработка. Според првичните податоци, силата на експлозијата би била еквивалентна на експлозија на 4 килограми ТНТ.
Соговорник на агенцијата „Интерфакс“ изјави дека откриената експлозивна направа е слична на онаа која беше употребена во терористичкиот напад во Анкара, со тоа што во главниот град на Турција бомбата била активирана од терористи-самоубијци, а во Москва било планирано да се искористи мобилен телефон како детонатор.
Од друга страна, извор на „Московски комсомолец“ изјави во понеделникот дека во текот на специјалната операција биле приведени 15 лица, од кои 12 се со потекло од Северен Кавказ, а 3 се државјани на Сирија. Во моментов се работи на испрашување на приведените.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче