Путин го увери Ердоган во подготвеноста за заедничка борба против тероризмот

Претседателот на Русија Владимир Путин му изрази сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со терористичкиот напад во Анкара.

Во разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател  Владимир Путин изрази сочувство во врска со терористичкиот напад и ја потврди подготвеноста за тесна соработка со Турција во борбата против тероризмот, пренесува „Взгљад”.

Путин му изрази сочувство на турскиот лидер по повод загинувањето на цивили во експлозијата што се случи во Анкара. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Турција, бројот на загинати порасна на 30 лица луѓе.

Претходно беше објавено дека експлозијата во Анкара, во која животите ги загубија над 20 лица, е оквалификувана како терористички чин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња