Генералштабот на ВС РФ го наведе бројот на терористи во Авганистан

Во моментов во Авганистан се наоѓаат до 50 илјади терористи кои се организирани во 4 илјади одреди и групи со различна ориентација, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на РФ генерал Валериј Герасимов.

„Во моментов во Авганистан се наоѓаат до 50 илјади терористи кои се организирани во 4 илјади одреди и групи со различна ориентација. Нивната основа е Исламското движење на талибанците кое брои околу 40 илјади терористи“, изјави Герасимов по повод отворањето на Меѓународната конференција за Авганистан, а пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, судирот меѓу екстремистите и владината војска го оневозможува Кабул да ги решава задачите во сферата на стабилизација на политичката и социоекономската ситуација во земјата, предизвикува неоправдани човечки жртви и пораст на бројот на бегалци во соседните земји, а преку нив во Европа.

Според зборовите на Герасимов, бројот на припадници на „Исламската држава“ во Авганистан расте и веќе достигнува бројка од 2-3 илјади луѓе. Тој додаде дека во текот на последната година активноста на ИДИЛ во Авганистан нагло пораснала и дека терористите постојано преземаат под своја контрола нова региони.

„Во диверзивно-терористичките акции на радикалните екстремисти бројот на загинати авганистански граѓани годинава е зголемен за 25% и достигна преку 3,5 илјади луѓе. Околу 7 илјади луѓе се ранети“, додаде Герасимов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња