Во понеделникот, 5 октомври, почна сеопфатната финална проверка на воените единици во Русија, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
Првата фаза на проверката ќе се одржи од 5 до 16 октомври, а втората во последната декада од октомври, пренесува РИА „Новости“.
„Припадниците на војската од Калининград до Курилските острови ќе бидат проверени врз основа на целосниот список на типовите на обука: борбена, техничка, обука во ракување со огнено оружје и други“, објасни претставник на Министерството за одбрана на Русија.
Во една од главните воени проверки во 2015 година ќе учествуваат околу 300 единици, органи на воената управа и установи на МО Русија.
„Во текот на финалната проверка во единците на Вооружените сили ќе бидат одржани тактички маневри на четите и баталјоните со боево гаѓање“. Така ќе бидат сумирани резултатите од борбената обука на секоја единица одделно и на Вооружените сили во целина“, изјави тој.
Од проверката се изземени силите на Централниот воен округ и некои единици кои учествува во маневрите „Центар-2015“. Тука спаѓаат единиците на Воздушно-десантните сили и Воздушно-космичките сили, соопшти претставникот.
Од декември 2014 година до септември 2015 година силите на Министерството за одбрана на Русија одржале околу 2 илјади тактички маневри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче