Путин ги коментираше резултатите од воените вежби „Центар-2015”

Маневрите покажаа високите тактичко-технички карактеристики на современите системи на вооружување и така го потврдија значајниот потенцијал на одбранбените претпријатија на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин во саботата, 19 септември, присуствуваше на стратешките маневри „Центар-2015“ на уралскиот полигон Донгуска. Пред врховниот командант војниците демонстрираа епизода на ликвидирање на голема симулирана терористичка формација, при што беа употребени над 100 авиона, беше извршен десант, беа ангажирани ракетни сили и артилерија, како и инженерски и логистички сили.  

„Маневрите „Центар-2015“ ги покажаа високите тактичко-технички карактеристики на современите системи на вооружување и така го потврдија значајниот потенцијал на одбранбените претпријатија на Русија”, изјави Путин, а пренесува ТАСС.

„По овие маневри ќе организираме состаноци со раководителите на одбранбените претпријатија кои ја произведуваат оваа техника. Јас исто така сакава да поразговарам со оние кои ја користат оваа техника“; изјави шефот на руската држава.

Путин потоа разговараше со членовите на посадите на 9П78-1 „Искандер-М”, модернизираниот тенка Т-72Б3, борбеното пешадиско возило БМП-2 и специјалното транспортно возило ГАЗ-2331 „Тигар” и бараше од нив да му ги пренесат нивните впечатоци и искуства од работата со оваа техника.

Маневрите „Центар-2015” беа одржани од 14 до 20 септември на неколку полигони и во нив учествуваа околу 95 илјади војници, преку 7 илјади единици вооружување и воена техника, околу 170 авиони и 20 бродови.

Дел од активностите на руските вооружени сили во текот на маневрите „Центар-2015“ можете да погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња