Претседателот на Русија предупреди дека „блоковскиот начин на размислување“ и тежнеењето кон нови геополитички територии“ сѐ уште доминираат кај „нашите колеги“ и се запраша зошто НАТО остана кога Источниот блок одамна е распаднат и кога веќе не постои СССР? „И не само што остана, туку и се шири“, нагласи претседателот на Русија.
Рускиот претседател ги објасни и причините за таквите кризи во современиот свет.
„Отпрвин ја продолжија линијата на ширење на НАТО... Зошто, се поставува прашањето? Потоа ги ставија постсоветските земји пред избор: да се биде со Запад или со Исток? Порано или подоцна таквата логика на конфронтација требаше да се претвори во сериозна геополитичка криза. Тоа и се случи во Украина, каде го искористија незадоволството на значителен дел од населението од активната власт и однадвор испровоцираа вооружен преврат. Како резултат на тоа избувна граѓанска војна“.
„Со закани, со силата на оружјето интегритетот на Украина не може да се обезбеди. А тоа треба да се направи. Потребно е реално да се земат предвид интересите и правата на луѓето во Донбас, да се почитува нивниот избор, договор со нив, како што тоа е предвидено со Минската спогодба, и клучните елементи на политичкото уредување на државата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче