Киев им забрани на „Аерофлот“ и „Трансаеро“ да сообраќаат во Украина

Станува збор не само за транзит, туку и за летовите до и од украинските аеродроми.

Владата на Украина забрани летови во земјата за руските авиокомпании „Аерофлот“ и „Трансаеро“, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, а пренесува „Ведомости“.

„Нема што да бараат руските авиони со руска тробојка на украинските аеродроми“, се вели во соопштението. Исто така се забранува и транзит за руските авиокомпании преку територијата на Украина на „товари со воена, двојна намена и воени лица“.

Во петокот владата на Украина одржа седница за дополнителни санкции спрема руски компании.

„Сега донесуваме одлука во однос на воведувањето дополнителни санкции против руските компании. За деталите подоцна“, се вели во соопштението на официјалниот Твитер-профил на владата на Украина.  

На „Аерофлот“ и „Трансаеро“ им беше забрането да летаат над Украина уште во август 2014 година. Компаниите во 2014 година месечно трпеа загуби од околу 200 милиони рубли поради тоа што мораа да ја заобиколат територијата на Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња