Захарова: За русофобија има многу причини, а главна е глупоста

Главна причина за ширењето русофобија е глупоста, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

На прашањето на новинар зошто успешните земји од Западна Европа и САД не сакаат да се дружат со Русија, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова одговори дека не треба да се мешаат „земјите“ со „раководството на земјите“.

„Она што се случува е некакво насилно ширење на антагонизам и русофобија. Но тоа не доаѓа од луѓето, туку од некои политичари. Зошто го прават тоа? Сигурно има многу причини. Но главната причина е глупоста“, изјави Захарова, а пренесува „Комсомолскаја правда“

Таа исто така изјави дека во Русија ќе функционира системот за колективна безбедност, што во практика би требало да изгледа на следниов начин: ниедна држава (или група држави) не треба да ја обезбедува својата безбедност загрозувајќи ја безбедноста на други земји.   

Осврнувајќи се на украинското прашање, Захарова изјави дека проблемот на Украина  е целосното губење на суверенитетот. „Главниот проблем е во тоа што во текот на целата понова историја со неа владееја луѓе кои не ги остваруваат националните интереси на земјата, туку се раководеа од интересите на странски актери“, изјави портпаролката.

„Сметам дека не треба да се зборува за тоа дека Украина стана „непријателска“ земја, туку дека нејзините политичари спроведуваат непријателска политика спрема сопствениот народ“.

На провокативното прашање на новинарка од Украина зошто Русија ја „нападна“ нејзината земја, Захарова одговори: „Ако вашата земја е Украина, треба да си го поставите следново прашање: како тоа во поновата историја на вашата земја претседателот е двапати симнат од власт под притисок на странски држави? Уништувањето на државата однатре е пострашно од секаква инвазија, вклучително и од замислена. Затоа што државата државата може да се одбрани од инвазија, но не може да го спречи својот народ да ја напушти Украина (во некои случаи заедно со територијата). Тоа би било можно единствено под услов а) да се спроведува политика на национални (а не туѓи интереси), б) да се почитуваат правата дури и на најмалите народи (да не зборуваме за оние народи кои сочинуваат речиси половина од населението), в) да се сака својот народ, а не да се гази со тенкови“.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.