Министерката за финансии на Украина Наталија Јареско се обрати до Групата 7 барајќи финансиска помош за купување руски гас, соопшти извор запознаен со текот на преговорите.
„Јареско се обрати до министрите за финансии на Г-7, барајќи финансирање на купувањето руски гас за зимската сезона. Никаква одлука не е донесена“, изјави неименуваниот извор, а пренесува ТАСС.
Изворот објасни дека на маргините на средбата на финансиските „20“ во Анкара е одржана средба на министрите за финансии на Групата 7, на која била повикана министерката за финансии на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче