Рускиот финансиски систем ќе се сруши ако цената на нафтата се спушти до 22,5 долари за барел, пишува „Блумберг“ (Bloomberg), а пренесува „Взгљад” .
Повикувајќи се на аналитичари, агенцијата истакнува дека Русите се еден од најтолерантните народи спрема економските проблеми. Според мислењето на експертите, тоа го докажува и растот на популарноста на рускиот претседател Владимир Путин по обединувањето на Крим со Русија.
Меѓутоа, изданието истакнува дека во случај на пад на цената на нафтата под 30 долари рејтингот на Путин ќе почне стрмоглаво да паѓа. Како што смета агенцијата, Банката на Русија ќе мора да ги искористи девизните резерви за да ја поддржи рубљата, доколку вредноста на нафтата отиде под 40 долари. Авторите на статијата исто така не исклучуваат дека Централната банка на Русија повторно ќе ја крене референтната каматна стапка, како и дека ќе воведе мерки за ограничување на капиталот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче