Медиум: Западот не успеа да му го намали рејтингот на Путин

Потезите на земјите од Западот кои имаа за цел да ја намалат поддршката што ја има рускиот претседател Владимир Путин во Русија не успеаја, смета Дмитриј Сајмс, новинар на порталот „Национален интерес“

Потезите на земјите од Западот кои имаа за цел да ја намалат поддршката што ја има рускиот претседател Владимир Путин во Русија не успеаја, смета Дмитриј Сајмс, новинар на порталот „Национален интерес“ (National Interest). Порталот ги објасни причините за високиот рејтинг на рускиот претседател.

Како прво, „повеќето руски граѓани навистина го поддржуваат Путин“. Притоа овој показател не го бележат само претставниците на Кремљ, туку независниот и угледен истражувачки центар „Левада-центар“, кој има мошне сложена историја на заемни односи со руските власти.  

Освен тоа, истакнува Сајмс, „украинската криза предизвика значителен пораст“ на популарноста на рускиот претседател. Додека пред почетокот на украинскиот конфликт позитивен однос спрема работата на Владимир Путин имале 65% од населението, денеска овој показател достигна 89%, и покрај тоа што руската економија се соочи со потешкотии предизвикани од санкциите на Западот“.   

Исто така, санкциите „всушност можат да му помогнат на Путин“, пишува порталот. Некои аналитичари тврдеа дека санкциите, штом ќе удрат по обичниот граѓанин на Русија, ќе влијаат на тоа нивниот ентузијазам спрема Путин да се намали, но тоа не се случи“, пишува Сајмс. Притоа бројот на луѓето кои ги чувствуваат санкциите се зголеми од 13% на 35%, но поддршката за Путин расте. До тоа доаѓа затоа што речиси половина од граѓаните на Русија смета дека целта на санкциите не е да се казни власта во Русија, туку да им се нанесе штета на обичните луѓе.

Како заклучок авторот на статијата вели дека дури и некои стари критичари на потезите на Кремљ го поддржаа ставот на Путин за украинското прашање. Сајмс како пример ги наведува левите опозиционери Сергеј Удаљцев и Едуард Лимонов, кои ја поддржаа идејата за припојување на Крим кон Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња