Министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев смета дека руската економија го допрела „дното“ и дека резултатите во четвртиот квартал ќе бидат подобри од третиот, пренесува РИА „Новости“.
Засега падот на БДП во јули изразено во годишни проценти забрза на 4,6% од јунските 4,2%, а месечната динамика е блиска до нулата, изјави министерот.
„Да, постои“, изјави тој пред новинарите одговарајќи на прашањето дали постои чувство дека руската економија го допрела дното.
„Ако со пресметаните сезонски фактори од месец до месец имаме околу нула, во јуни беше околу нула-минус 0,1, а во јули – околу нула плус 0,1. Сето тоа е кревко, но се гледа дека лежиме некаде на дното, или како да го наречеме тоа движење“, изјави министерот. Истовремено забрзувањето на падот на економијата во годишни проценти во јули Уљукаев го поврза со високата база од јули минатата година.
Претходно првиот човек на Министерството за економски развој повеќепати изјави дека состојбата со економијата на РФ статистички ќе почне да се подобрува веќе во третиот квартал. Меѓутоа, сега министерот е попретпазлив во оценките. „Мислам дека надолу нема да појдеме, а дали ќе испливуваме забележително – тоа е комплицирано. Сметаме дека ќе биде така, дека четвртиот квартал во многу нешта, се разбира поаѓајќи од ефектот на базата (ниската база во четвртиот квартал минатата година) ќе биде статистички забележително подобро отколку третиот“, додаде тој.
Според резултатите од првото полугодие падот на БДП на Русија изнесуваше 3,4%, притоа во вториот квартал падот забрза на 4,6% од 2,2% во првиот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче