На 19 август американскиот боксер Рој Џонс во текот на средбата со Владимир Путин на Крим 19 соопшти за намерата да побара руско државјанство. Според зборовите на 46-годишниот Џонс, кој беше шампион на светот во бокс во верзиите ИБФ и ВБА во различни катеегории – од средна до тешка, пасошот на Руската феерација му е потребен за водење бизнис.
Путин, од своја страна, вети дека ќе му ја исполни молбата на Џонс. Покрај тоа, тој изрази надеж дека таквата постапка на Американецот, кој до ден-денес успешно настапува во рингот, ќе помогне за подобрување на односите меѓу Русија и САД.
На Крим спортистот пристигна за да учествува во боксерското шоу „Битката кај планината Госфорт“ кое ќе се одржи на 23 август.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.