Крим ќе го прими тримилионитиот турист

Вицепремиерот на кримската влада Руслан Балбек изјави дека сезоната за одмор на Крим годинава според динамиката на туристи ги надминува минатогодишните показатели за речиси 20%.

Речиси три милиони утристи одморале на Крим од почетокот на 2015 година, што значително ги надминува аналогните показатели од минатата година, изјави кримскиот вицепремиер Руслан Балбек.

 

„Од почетокот на годината одморале 2 милиона и 800 илјади туристи, од кои на Јалта 38%, Алушта 14%, Евпаторија - 13%, Феодосија 9%, Саки — 6%. Од вкупниот број што одморале 2 милиона и 500 илјади се граѓани на Русија, што иззнесува околу 90%. Останатите 10% се странци, повеќето жители на Украина“, потенцираше Балбек.  

Тој истакна дека оваа сезона споед динамиката на туристи ги надминува показателите од минатогодишната за речиси 20%. Секоја недела во одморалиштата на Крим пристигаат околу 300 илјади луѓе.

Според зборовите на Балбек, исполнетоста на капацитеите на кримските одморалишта изнесува во просек 69%.

„Сето тоа зборува дека не само што имавме сезона на одмори, туку и успешна сезона, без оглед на сите обиди однадвор да ни попречат во тоа“, заклучи вицепремиерот

Крим стана една од најпопуларните дестинации за руските туристи по присоединувањето на полуостровот кон Русија во март 2014 година. Федералните и регионалните власти го позиционираат развојот на туристичката гранка како еден од приоритетите за развој на овој регион.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња