Медиум: Русија не изгуби, туку заработи со купувањето злато

Главниот стручњак на „Комерцбанк“ банката за трговија со суровини Ојген Вајнберг смета дека Русија со купувањето поголеми количини златни резерви доби, а не изгуби, иако цената на златото во последно време е во пад.

Главниот стручњак на „Комерцбанк“ банката за трговија со суровини Ојген Вајнберг смета дека Русија со купувањето поголеми количини златни резерви доби, а не изгуби, иако цената на златото во последно време е во пад. Тој смета дека во долгорочна перспектива цената на златото во евра ќе расте. Ова тој  го изјави во интервју за  германскиот магазин „Виртшафтс Вохе“ (Wirtschafts Woche). 

Стручњакот појасни дека стравот од зголемувањето на основната камата во САД веќе доведе до пад на цената на нафтата, така што, ако се случи тоа, тоа веќе нема да влиаје на цената на златото. Освен тоа, можноста американските Федерални резерви  да ја одожат одлуката за промена на основната камата може да доведе до зголемување на цената на благородниот метал.

Тој исто така изрази оптимизам што се однесува до долгорочниот раст на цената на златото.

„Распродажбата на златните резерви која се случува сега е крајност. Од гледна точка на инвеститорите кои ги прават трансакциите во евра, цената од 1000 евра за унца е многу привлечна, Златото овозвможува поголема стабилност отколку хартиената валута. Уште повеќе што поради меката монетарна политика на Европската централна банка еврото може да се претвори во некој вид лира, т.е. слаба валута. Тоа зборува во прилог на тоа дека златото треба да се чува, а не да се продава. Во долгорочна перспектива цените на златото ќе растат“, изјави стручњакот за трговија со суровини.

На прашањето дали ориентирањето на Централната банка на Русија кон купување злато довела до намалување на руските резерви за една милијарда, како што тврдат некои аналитичари, стручњакот одговори дека тоа се глупости. „Почнувајќи од 2006 година руската Централна банка во злато вложи 35 милијарди долари. Во моментов вредноста на овие резерви е речиси 40 милијарди долари. Доколку ЦБ инвестираше во еврото, тоа ќе беше многу полош потег“, објаснува стручњакот.

Претходно германскиот весник „Ди велт“ објави анализа според која Русија со купувањето на поголеми количини златни резерви претрпела големи загуби и паднала во „златна замка“. Германскиот весник тврдеше дека Путин направил голема грешка, затоа што цената на златото е во пад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.