Американската војска е уверена дека неодамнешниот сајбер-напад на системот за електронска пошта на Пентагон го извршиле руски хакери, меѓутоа, Белата куќа не брза со заклучоци, пишува „Њујорк Пост“ („New York Post”), а пренесува РИА „Новости”.
Весникот потсетува дека претседателскиот кандидат на Здружениот штаб на воојската на САД Џозеф Данфорд претходно ја нарече Русија „најголема закана“ за националната безбедност на Русија. Началникот на Главната управа на специјалните сили на САД Џозеф Волет смета дека Москва претставува за Вашингтон „егзистенцијална закана“. Авторот пишува дека со тоа високите воени функционери буквално ја молат Белата куќа сериозно да ја сфати заканата до страна на Русија.
Меѓутоа, дури на напад врз серверите на Пентагон нема да ја натера Белата куќа да ги направи решителните чекори. Освен тоа, министерот за одбрана на САД Ештон Картер претходно ги обвини руските хакери за хакирање на електронските системи на министерството, но реакција од американската администрација немаше. Според мислењето на авторот на статијата, Барак Обама навикна да го игнорира мислењето на војската за надворешнополитичките прашања, поради што во Пентагон се многу незадоволни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче