Белата куќа се дистанцира од изјавите на својот генерал за Русија

Американскиот генерал Џозеф Данфорд изјави дека РФ претставува најголема закана за националната безбедност на САД.

Изјавите на американскиот генерал Џозеф Данфорд дека Русија претставува најголема опасност за националната безбедност на САД, не се задолжително одраз на ставовите на претседателот Барак Обама и неговото најблиско опкружување. Ова го изјави во четвртокот на редовниот брифинг за новинарите портпаролот на Белата куќа Џошуа Ернест.

Според неговите зборови, Данфорд, кој е унапреден на местото раководител на Здружениот штаб на САД, „има свој поглед“ на Русија и неговата работа се однесува на воено-стратешката сфера. Ова мислење на Данфорд „не одразува задолжително став или консензуална анализа на тимот на претседателот кој одговара за националната безбедност“, потенцираше Ернест.

Официјалниот претставник на американскиот лидер потврди дека во Вашинготн има вознемиреност по повод определени аспекти на надворешната политика на Русија. Сепак, истакна тој, „истовремено ние можеме ефикасно да ги координираме дејствата со Русија од интерес на САД, вклучувајќи го, на пример, иранското нуклеарно прашање. 

Во средата генералот Џозеф Данфорд ги нарече Русија, Кина, Северна Кореја и „Исламската држава“ главни закани за неговата земја и потсети дека „РФ има нуклеарно оружје“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња