Пентагон се плаши од руски хакери

Една од главните закани за САД во последно време е активноста на Русија во кибер-просторот, се наведува во стратегијата на Пентагон, пренесува „Взгљад“.

Една од главните закани за САД во последно време е активноста на Русија во кибер-просторот, се наведува во стратегијата на Пентагон. Во неа се тврди дека „руски учесници во процесот делуваат незабележливо и дека често е тешко да се препознаат нивните намери“.

„Потенцијалните непријатели вложуваат значителни средства во кибер-проекти. Тоа им дава можност да ги изберат САД како мета и им нанесуваат штета на американските интереси. Русија и Кина развија сериозен кибер-потенцијал и соодветни стратегии”, се наведува во кибер-стратегијата на Пентагон.

Во документот се наведува и дека „Кина ја краде интелектуалната сопственост на меѓународните корпорации во интерес на кинеските компании и на тој начин ја поткопува конкурентноста на американскиот бизнис”.

Претходно Пентагон обвини хакери од Русија дека 2015 година провалиле во сервер на американското министерство за одбрана кој не содржел доверливи документи. Тоа го соопшти американскиот министер за одбрана Ештон Картер на универзитетот „Стенфорд“. „Тие пронајдоа старо ранливо место во еден од нашите стари системи кои не ги закршивме”, објасни Картер.

Пентагон претпоставува дека се работи за хакери од Русија, но не наведува никакви докази. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња