Украинското министерство за енергетика ја разгледува можноста за поминување на претстојната грејна сезона без купување руски гас, изјави раководителот на дирекцијата за евроинтеграции на министерството Михаил Бно-Ајријан, пренесува РИА „Новости“.
„Се разбира, ги земаме предвид сите сценарија, и тоа е едно од сценаријата“, изјави тој, додавајќи дека без руски гас е сложено, но не е критично како што беше пред две-три години.
Според неговите зборови, во дадениот момент се водат преговори со европските и американските партнери за испорака на гас. „Бараме да ни дадат кредит за да можеме да акумулираме летово доволен обем гас, за да можеме повеќе или помалку стабилно да го поминеме зимскиот период“, прецизираше тој.
Претходно беше соопштени дека „Нафтогас на Украина“ добил државни гаранции за кредитот од ЕБОР за 300 милиони долари за гасни резерви.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче