Медиуми: Меморандумот за гас меѓу Русија и Грција може да испровоцира нови санкции

Меморандумот за „Турски тек“ меѓу Русија и Грција, што беше потпишан пред средбата на земјите од еврозоната, може да ги налути земјите од ЕУ и да испровоцира засилување на санкциите против Москва, соопштува „Спутник“ повикувајќи се на западни медиуми.

Вонредната средба на шефовите на земјите од еврозоната во Брисел ќе ја реши судбината на Грција која или ќе добие уште една доза финансиска помош, или ќе ја напушти еврозоната, ги цитираат западните медиуми зборовите на московскиот дописник на „Кришчан Сајенс Монитор“ Фред Вир, пренесува РИА „Новости“.

Поради сомневањата на експертите во способностите на Грција да ги реши проблемите со долговите, Атина презеде мерки за да ја спаси земјата од економски колапс. Посетата на Алексис Ципрас на Петербуршкот меѓународен економски  форум минатата недела предизвика претпоставки дека целта на грчкиот премиер била добивање на финансиска помош од Русија. Меѓутоа, според зборовите на Владимир Путин, ова прашање не било дискутирано во текот на неговата средба со грчкиот колега.

Сепак, Грција потпиша со Русија меморандум за соработка за изградба на продолжение на „Турски тек“ преку нејзината територија, што, според Вир, во иднина ќе ѝ донесе на Атина стотици милиони долари. И, макар што оваа спогодба не може да ја спаси Грција од должничката криза, создавањето на нејзина територија на гасен јазол ќе ѝ даде предност пред конкуренцијата и нов извор на приходи.  

Независно од исходот на средбата на шефовите на државите на еврозоната, Москва е заинтересирана во долготрајни односи со Атина, кои не зависат од тоа дали Грција ќе остане во еврозоната или не, заклучува Вир.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња