Путин: РФ строго ги почитува сите барања поврзани со неширењето на нуклеарното оружје

Претседателот на РФ Владимир Путин се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукио Амано, пренесува ТАСС.

Русија, со солидните 40% во сферата на збогатување на ураниум, строго ги почитува сите барања поврзани со неширешењето на нуклеарното оружје. Ова го изјави претседателот на РФ  Владимир Путин на средбата со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукио Амано.

„Во еден од највисокотехнолошки сектори – во збогатувањето на ураинумот – ние зафаќаме солидни 40% од целиот пазар. Вам ви е добро познато дека ние строго ги почитуваме сите прашања поврзани со неширењето“, изјави шефот на руската држава. 

Путин го поздрави генералниот директор на МААЕ во Санкт Петербург и изрази надеж дека неговата работа на форумот ќе биде интересна и корисна. „Русија активно работи со МААЕ. Нашата државна корпорација „Росатом“ има многу сериозен пакет нарачки за следните 10 години и претставува еден од најактивните учесници на пазарот“, истакна Путин. Тој уште еднаш потенцираше дека Русија работи во тесен контакт со МААЕ.

Од своја страна Јукио Амано истакна дека тој веќе имал многу интересни разговори со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а исто така и зел учество во едно од заседанијата на форумот. „Сакам да кажам дека Русија е најважниот партнер на МААЕ и многу се радувам на можноста да дискутирам со Вас некои тековни прашања и разни други проблеми кои можат да бидат од заемен интерес“, изјави првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња