Претседателот на РФ Владимир Путин, коментирајќи ја изјавата на украинскиот лидер Петро Порошенко за долгот од 3 милијарди долари спрема Русија, истакна дека тој е „тажен кога слуша такви размислувања“, и дека новите власти на Украина, одложувајќи ја имплементацијата на договорот со ЕУ го направиле истото што го предлагал Јанукович, одлучувајќи да ја одложат таа одлука.
Русија на крајот на 2013 година ги откупи суверените облигации на Украина за 3 милијарди долари, за кои датумот на исплаќање на редовната рата е 20 јуни. Украина треба да плати 75 милиони долари.
„Тажно е што наши колеги размислуваат за такви работи во такви категории. Доколку некој смета дека мито е за претседателот Јанукович да не ја потпишува Спогодбата за асоцијација со ЕУ, тогаш, веројатно, за мито може да се сметаат и сите средства кои биле вложени од другите кредитори и инвеститори за да биде потпишана таа спогодба, а таму има многу пари од американски фондови“, изјави Путин на прес-конференцијата по средбата со својот фински колега Саули Ниинисте.
Путин потенцираше дека новото раководство на Украина ја потпиша спогодбата, но ја одложи нејзината имплементација за повеќе од една година – до јануари 2016 година.
„Се јавува прашањето: а во чиј џеб отишле парите, доколку тоа е мито? Одложувајќи ја имплементацијата, новото раководство на Украина го направи истото што предлагаше да се направи Јанукович. Тој предлагаше да се одложи потпишувањето, а тие ја одложија имплементацијата“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче