САД не исклучуваат распоредување на авиони-ловци Ф-22 Раптор во Европа

САД можат да распоредат во Европа ескадрили ловци од петта генерација Ф-22 Раптор, изјави секретарот за Воено воздухопловство на САД Дебора Ли Џејмс на аероизложбата во францускиот град Ле Бурже.

САД можат да распоредат во Европа ескадрили ловци од петта генерација Ф-22 Раптор, изјави секретарот за Воено воздухопловство на САД Дебора Ли Џејмс на аеро-изложбата во францускиот град Ле Бурже.

Распоредувањето на ултрасовремени авиони-ловци во Европа таа го објасни со намерата за демонстрација на американската моќ на Русија, пренесува „Би-Би-Си“.

Според нејзините зборови, Русија може да се нарече главна воена закана за САД.

„За мене најголема закана претставува тоа што се случува со Русија и нејзините сопствени дејствија. Тоа е најважниот дел на она поради кое јас дојдов во Европа“, истакна Џејмс.

„Ќе ги увериме сојузниците дека стоиме рамо до рамо со нив“, истакна секретарот.

Претходно САД веќе префрлија во Европа неколку јуришни бомбардери A-10 и ловци Ф-15.

Претходно командантот на копнените сили на САД во Европа генерал-полковник Бен Хоџис објасни дека САД планираат да распоредат во Источна Европа и Полска претходно најавено тешко вооружување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња