„Кориере дела Сера“: САД се обесхрабрени од односот на Ватикан кон Путин

Ватикан се стреми да не дозволи студена војна меѓу САД и Русија, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Ватикан се стреми да не дозволи студена војна меѓу САД и Русија, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Изданието истакнува дека Државниот секретаријат на Ватикан внимателно ги анализирал и позитивно го оценил интервјуто на Владимир Путин за весникот „Кориере дела Сера“.  

Како што истакнува медиумот, во реалноста Владимир Путин останува за Светата столица незаменлив и ценет соговорник за прашањето за спротивставувањето на исламскиот тероризам на Блискиот Исток и подалеку.

Затоа, пишува весникот, без оглед на притисокот од страна на САД, владите во Киев и Европа, Ватикан до ден-денес одбива да истапи против Русија во врска со украинското прашање.  

Првиот човек на украинската грко-католичка црква Архиепископот Свјатослав Шевчук напразно се обидуваше да ја убеди Светата столица да истапи против Путин, пишува изданието.

Од другата страна на Атлантикот, на меѓународната стратегија на папата Франциск гледаат со измешани чувства на љубопитство и збунетост. Американската дипломатија му препорача на Ватикан да не му верува на Путин.

Како што пишува изданието, САД, вознемирени од можната пропаганда на Кремљ, би му препорачале на Ватикан „да се пази од Путин“. Но, аргентинскиот папа секогаш се придржувал до својата сопствена претпазлива и независна стратегија.

Ватикан се стреми да не дозволи нова студена војна меѓу САД и Русија да ја блокира релаксацијата меѓу католичкиот и православниот свет, да направи раскол во православието на проруски и антируски, што на крај би довело до студена религиозна војна, пишува „Кориере дела Сера“.

Светските медиуми денеска пренесоа дека ситуацијата во Украина ќе биде тема на денешната средба на претседателот на Русија Владимир Путин и папата Франциск во Ватикан, соопшти помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков.  

„Ќе бидат разгледани билатералните односи, актуелните меѓународни проблеми, особено ситуацијата во Украина, положбата на христијаните на Блискиот Исток и неопходноста од заштита на нивните интереси“, рече Ушаков на брифингот во Москва.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.