Скопје во чест на Пушкин

По повод денот на раѓањето на големиот руски писател Александар Сергеевич Пушкин вечерва во општина Кисела Вода пред споменикот на овој великан на руската и на светската литература ќе се одржи празничен хепенинг.

По повод денот на раѓањето на големиот руски писател Александар Сергеевич Пушкин вечерва во општина Кисела Вода пред споменикот на овој великан на руската и на светската литература ќе се одржи празничен хепенинг. На настанот најпрво ќе биде положено свежо цвеќе, по што ќе следува и пригодна реч за животот и за делото на авторот.

По официјалниот дел, празничната програма ќе ја збогатат студентите од Катедрата за славистика при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, кои пред присутните ќе декламираат стихови од Пушкин. Потоа следува концертниот дел на кој ќе настапат ансамбли на руските сонародници во Република Македонија, како и ансамбли од општината Кисела Вода.

Организатори на настанот се руската дијаспора во Република Македонија и општина Кисела Вода, каде и се наоѓа споменикот на Александар Сергеевич Пушкин, со несебична поддршка од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Настанот започнува во 19.30 пред споменикот, а добредојдени се сите љубители на поезијата на Пушкин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња