Песков: Изјавите на Порошенко за руска војска во Украина се неаргументирани

Претходно претседателот на Украина Петро Порошенко изјави за присуство на единаесет илјади руски војници на територијата на неговата земја.

Москва ги смета за неаргументирани изјавите на претседателот на Украина Петро Порошенко за присуство на 11 илјади руски војници на територијата на Украина, изјави во четвртокот портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.  

Претходно во четвртокот претседателот на Украина Петро Порошенко изјави за присуство на единаесет илјади руски војници на територијата на Украина.

„Не, не можам, затоа што не гледаме потреба од повторување на тоа дека сличните неаргументирани обвинувања без било каква конкретност, без било какви докази, благо кажано, не придонесуваат за ништо позитивно“, изјави пред новинарите Песков, одговарајќи на барањето да ги коментира зборовите на Порошенко.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.