Со воената парада на Црвениот плоштад во Москва Русија покажа дека е првокласна воена суперсила која е поддржувана од Кина и Индија, смета американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс.
Тој вели дека постапките на дравниот секретар на САД Џон Кери, кој во предвечерието на прославата на 9 мај се однесуваше спрема Русија без почитување, а потоа само по 3 дена го посети рускиот претседател и го критикувае украинскиот режим, кажува за тоа дека на Вашингтон му дошол паметот.
„Додека Западот, опседнат со својата важност, го занемари Денот на Победата во која Црвената армија го порази Хитлер, трите најголеми светски држави се обединија и заено присуствуваа на Парадата“, истакнува политикологот, споменувајќи ги Русија, Кина и Индија.
Според зборовите на Робертс, планот на САД да ја изолира Русија доживеа огромен неуспех. Згора на сѐ, наведува тој, активностите на САД уште повеќе ги обединија дравите-членки на БРИКС.
Фактот дека на свечената церемонија организирана во Москва по повод 70-годишнината од Победата над фашизмот до Владимир Путин седеше лидерот на Кина, дава „совршено јасен одговор дури и на идиотите на режимот на Обама“, дека Вашингтон повеќе не е единствениот избор на сила“, пишува Робертс.
Според неговото мислење, токму овие настани го натераа Вашингтон да го испрати Кери кај Путин за да бара од него помош во врска со можната ескалација на украинскиот конфликт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче