Путин: Јас сум дел од мојот народ

Во филмот „Претседател“ за Путин зборуваат неговите најблиски соработници, но и тој самиот сведочи за себе и односот спрема својата земја и својот народ.

Во филмот „Претседател“ за Путин зборуваат неговите најблиски соработници, но и тој самиот сведочи за себе и односот спрема својата земја и својот народ.

На пример, министерот за одбрана Сергеј Шојгу на прашањето за личните односи со Путин рече дека личните односи се и затоа лични, затоа што за нив не се разговара многу. Па сепак, раскажа како тој и Путин понекогаш пеат стари и помалку заборавени советски песни. „Некогаш одамна беше снимен диск, мислам дека тоа беше 1999 година, се вика „Песни на нашата земја“. Многу добри песни и доби изведувачи. Таму има и зборови, и музика. И така, понекогаш ги пееме заедно“, рече Шојгу.

Инаку, претседателот на Русија Владимир Путин често во своите посети ширум земјата комуницира со обични луѓе, а секоја година ја одржува таканаречената „Директна линија“, во која граѓаните можат директно да му постават прашања. На прашањето на новинарите дали го прави тоа за да дознае некои информации од алтернативни извори, Путин одговори дека тој секако ги има сите информации, а со луѓето разговара затоа што чувствува дека е дел од својот народ.

„Јас дури и не знам зошто комуницирам. Сфатете, тешко ми е да го објаснам тоа. Едноставно кажано, јас чувствувам дека сум дел од мојата земја и мојот народ“, рече Владимир Путин.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња