Време е да се сетиме дека Русите ни беа сојузници, вели пензиониран американски генерал

Заедничко празнување на 70-годишнината од средбата на реката Елба би можело да ги поттикне на дијалог Русија и САД, пишува за „Вашингтон Тајмс“ американскиот бригаден генерал во пензија Питер Звак.

Заедничко празнување на 70-годишнината од средбата на реката Елба би можело да ги поттикне на дијалог Русија и САД, пишува во статија за „Вашингтон Тајмс“ (Washington Times) американскиот бригаден генерал во пензија Питер Звак, кој од 2012 до 2014 година беше воен аташе на САД во Русија, пренесува РИА „Новости“.

Пред седумдесет години средбата меѓу советските и американските војници близу градот Торгау на реката Елба „ги зацементира врските на военото братство кои набрзо потоа беа изгубени и заборавени во текот на студената војна“, пишува Звак. Според него, токму оваа годишнина треба да се празнува поради ветераните кои не можат да ги доживеат следните јубилејни датуми.

Целосното откажување од манифестациите за сеќавање со учество дури и на обични делегации нема да биде едноставно непочитување на споменот на оние кои ја победија нацистичка Германија,  смета генералот. Тој потенцира дека тоа ќе стане „испуштена можност за одржување крајно неопходна јавна средба на американски и руски војници“ на која би било можно „да се иницира отстранување на сѐ поострите и опасни противречности кои се појавуваат во нашите односи“. 

Според него, во овој момент контактите меѓу војската на САД и Русија практични отсуствуваат и во таква ситуација дури и безисходни дискусии меѓу нуклеарните сили е „подобро од ништо“. Притоа, смета Звак, таквата заедничка манифестација нема да значи укинување на санкциите против РФ или откажување од воена помош за Киев.

Истовремено комеморативните прослави се неопходни „за да се уверат идните поколенија дека ние сторивме сѐ што можевме за да го тргнеме светот од опасниот раб на пропаста во која може да исчезне целото човештво“, смета генералот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.