Нова ракета за ракетниот систем С-400 е успешно тестирана на полигоните на Министерството за одбрана пред три дена, целта е уништена, изјави денеска заменик-командантот на силите на Воздушно-вселенската одбрана за ПВО генерал-мајор Кирил Макаров.
„Тестирањата се одвиваат со полна пареа. Пред три дена беше реализирано лансирање на наведувана ракета која успешно ја уништи целта - ја погоди целта“, изјави Макаров во програмата „Генштаб“ на радиостаницата „Ер-Ес-Ен“.
Растојанието на кое се проверувала работата на ракетата било малку под 400 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.