Ципрас: Грција не се согласува со санкциите против Русија

Шефот на грчката влада Алексис Ципрас во интервју за ТАСС изјави дека неговата земја не се согласува со санкциите на Западот против Русија.

Премиерот на Грција истакна дека постои можност за подигање на ново ниво на трговските врски меѓу двете земји. „Ние можеме да имаме суштествена соработка која ќе ѝ даде на Грција можност да извезува земјоделски производи во Руската Федерација. Вие знаете дека последниве години на овие односи им беше нанесен удар во врска со тоа што претходните влади во мојата земја не го правеа она што можеа да го прават за да ја избегнат оваа бесмислена, на мој поглед, политика на санкции поради тензиите во Украина. Резултат на тоа стана ембаргото и на грчките земјоделски производи, што нанесе суштествена штета на грчката економија“, изјави Ципрас во интервју за ТАСС.

„Ние не се согласуваме со санкциите. Сметам дека тоа е пат кој не води никаде. Јас сум приврзаник на гледиштето дека е неопходен дијалог, дипломатија, треба да се седне на преговарачка маса и да се најдат решенија за крупните проблеми“, изјави тој.

Грчкиот премиер истакна дека “економската војна како продолжение на вистинската војна е политика која води во ќорсокак“. „Јас сум за дипломатија, рече Ципрас. Сметам дека е многу важна реализацијата на Минската спогодба. Претпоставувам дека треба да се преземе сѐ што е можно за прекин на тензиите во Украина“.

Според зборовите на Ципрас, во текот на неговото прво учество на самитот на ЕУ на 19-20 март тој, обраќајќи им се на колегите-премиери и шефови на држави, прашал: „Кажете ми, како си ја замислувате новата безбедносна архитектура во Европа? Ја замислувате со Русија на спротивната страна или со Русија во процес на дијалог и меѓусебно разбирање?“ “Одговор не добив од многумина, рече Ципрас. Во мојата претстава одговорот е јасен: новата безбедносна во Европа треба да ја вклучува и Русија“.

Ципрас ќе ја посети Русија на 8 април. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња